Продолжува теренската вакцинација, од понеделник ќе се вакцинираат децата

Од:

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега се пријавени вкупно 1798. Вакцинирањето за нив ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот што го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките: „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – пет.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација, пак, се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба.

Во текот на денов, како што информираат од Министерството за здравство, теренска вакцинација ќе биде спроведена во повеќе населени места.

Во Тетово: Шемшово, Сиричино, Прелубиште, Озормичте, Ратае, Туденце, Жилче, Раотинце, Јегуновце, Јанчиште, Подбреге, Копанце.

Во Општина Долнени: Житоше, Кошино, Локвени и Подвис, во Прилеп – Мариово, во Виница: Црн Камен и Истибања, во Валандово – Јосифово и Удово, во Берово – Мачево. Во Струга – Луково и Нерези, во Крушево – Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река и Острилци.

Во Дебар – Џепиште и Отишани, во Кавадарци – Бошава и Конопиште, во Битола – Поешево, Долно Оризари, Карамани, Трн и Логоварди. Во Охрид – Годивје, Сливово, Турије, Мраморец, Врбјани и во Куманово – Матејче, Отља, Романовце и Черкезе.

Во моментов во земјава активни се 236 случаи на Ковид-19. Во изминатото деноноќие регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19 и осум оздравени пациенти, а починати нема. Од новите случаи во Тетово се осум, во Скопје четири, во Гостивар и во Охрид по двајца и во Радовиш и во Дебар по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска