Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година.

На минатото рочиште беше вкрстено испрашуван сведокот Ѓорѓи Лазаревски, од МВР од страна на одбраната.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

Советот на обвинителите бара повеќе информации за „Рекет“, од понеделник ќе расправа за Јанева

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Стефанова: СЈО е во најтешка состојба од основањето, политичарите да го донесат законот за јавно обвинителство

Васко Маглешов

ВИДЕО: „Титаник“ одложен за 4 септември

Васко Маглешов

Празна судница на судењето „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Васко Маглешов

Дангов: Лиле Стефанова не може да го застапува „Титаник“ поради притворот на Јанева

Васко Маглешов

СЈО продолжува да ги застапува предметите, дилеми кој ќе ја замени Јанева

Ана Ололовска