Продолжува судењето за „Насилство во Центар“

Од:

Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд.

На претходните рочишта, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Настанот се случи на 7. и на 10. јуни во 2013-та година, кога група така наречени верници упаднаа и ја демолираа општината, а од прислушуваните разговори, кои со одлука на Апелацискиот суд ќе бидат докази во кривичната постапка, се слуша како што кажа Заев, како Груевски на Миле Јанакиески му бара да се организира инцидент и „да му врзе 3-4 шамари“ на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски