Продолжува соработката со Германија во областа на здравството

Од:

Заменик министерот за здравство на Македонија Јовица Андоновски престојува во работна посета на Клиниката во Дармштат, во германската сојузна покраина Хесен, на која беа разменети искуства во функционирањето на двата здравствени система.

Како што соопшти Министерството за здравство, целта на работната посета беше разгледување на можностите за обука и едукација на лекари и медицински сестри од Република Македонија во оваа реномирана германска клиника која е специјализирана за грижа на ургентни пациенти. На клиниката веќе се одржуваат работилници на кои присуствуваат и се обучуваат бројни специјалисти во светски рамки.

Дополнително, по посетата на различните одделенија на клиниката во Дармаштат, менаџментот на клиниката го изложи концептот за новата клиничка зграда и сите процеси во врска со нејзината градба.

– По склучените меморандуми за соработка и праќањето специјалисти на едукација и обука во универзитетските клиники во Хамбург (Епендорф) и во Баварија (Нирнберг), оваа посета во Хесен (Дармштат) претставува продолжување на соработката на Министерството за здравство на Република Македонија со најреномираните германски здравствени установи со цел подигнување на нивото на знаења и вештини на македонските здравствени работници и подобрување на здравствената грижа на пациентите во Република Македонија, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор