Продолжува собраниската расправа за разрешување на обвинителот Зврлески

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, која беше прекината пред десетина дена поради почетокот на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот.

Владејачкото мнозинство и опозицијата имаат спротиставени ставови во врска со работењето на Зврлески. За збор за оваа точка на дневниот ред на шестата собраниска седница се пријавија голем број пратеници. Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата на РМ поради, како што беше наведено во дописот до Собранието, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

На дневен ред на шестата седница се и триесетина други точки меѓу кои закони, годишни извештаи, предлог – одлуки и друго.

Пред започнувањето на шестата собраниска седница, Собранието треба да ги заврши и заостанатите две точки од петата и осмата седница. Пратениците во рамки на петата седница треба да го разгледаат Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година. Утре на осмата седница треба да бидат и именувани тројца заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани