Продолжува проектот за лични асистенти за деца со попреченост во Струмица

Од:

До крајот на учебната 2016/2017 година продолжува проектот „Лични асистенти на деца со попречености вклучени во редовниот образовен процес” во училиштата во Струмица.

Од општината информираат дека проектот, што требало да заврши на 1 април годинава, е продолжен до крајот на учебната година, благодарејќи на УНДП и личното залагање на аташето Херолд Фугер, кои ја обезбедиле финансиска поддршка за проектот.

– Во рамките на Програмата – Општинско корисна работа која е финансиски поддржана од страна на УНДП, општина Струмица во 2016 година аплицираше со проектот „Лични асистенти на деца со попречености вклучени во редовниот образовен процес”. По извршената селекција на Работното тело на Општинско корисна работа, проектот на општина Струмица беше прифатен со ангажирање на 6 лица (лични асистенти) кои се ангажирани во две основни училишта и едно средно училиште во општина Струмица, се вели во писмената информација од општина Струмица.

Според локалните власти, личните асистенти обезбедиле услуги за децата со попреченост, а од друга страна се стекнале со работно искуство и професионални вештини што ќе ја зголеми нивната вработливост во иднина.

– Преку проектот подобрен е образовниот процес за учениците со попречености, а подобрени се и условите за подобро и целисходно следење на наставата во училиштата за децата со попреченост, велат од општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите