Продолжува проектот на НРЦ „Моето здравје е мое право“

Од:

Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) го продолжува проектот за унапредување на здравјето на жените Ромки, кој е продолжение на десетгодишната работа е и се реализира под мотото „Моето здравје е мое право“.

-Целта на нашите активности е да ја зајакнеме заедницата и заедно да се застапуваме за подобрување на здравствените политики кон Ромите и вулнерабилните групи на граѓани кои поради различни бариери се соочуваат со нееднаков пристап до здравствена заштита, изјави координаторот на здравствената програма од НРЦ Себихана Скендеровска.

Во рамки на проектот, НРЦ ќе го користи методот на социјална отчетност, ќе организира фокус групи, средби со ромската заедница и генерално со граѓани од ранливи категории. Предвидено е да се вклучат и здравствените установи на локално и државно ниво, индивидуалци кои работат и креираат политики на полето на здравствената заштита.

-Правото на здравје е основно човеково право затоа треба сите да го уживаме подеднакво, додава Скендеровска.

Проектот се реализира со поддршка на Фондацијата Отворено Општество на Македонија.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките