Продолжува потрагата по исчезнатото девојче од невремето во Шипковица

Од:

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче во невремето од пред четири дена во село Шипковица и расчистувањето со ангажираната механизација.

dobivaj vesti na viber

Според Дирекцијата за заштита и спасување, како дел од активностите за санирање на состојбите во тетовскиот регион по обилните врнежи, интензивно се работи во село Порој, каде се претпоставува дека има околу 350.000 метри кубни нанос. Освен Желино, се подготвува нова локација за депонирање отпад кај село Доброште, општина Теарце.

Од ДЗС информираат дека е пробиен патот Тетово – Јажинце, но не е пуштен за употреба, а се работи и на расчистување на речното корито на Поројска река.

Во Голема и Мала речица продолжува да се работи на терен. Во Мала Речица од ПОЗС Дебар 1 се ангажирани дополнителен багер и два камиона, а во Голема Речица Армијата и локалната самоуправа. Главниот пат Голема и Мала Речица е целосно исчистен, се пристапува кон другите локални патишта.

Од ДЗС информираат дека во активностите во Тетово се вклучени 25 багери од разни видови и големини, 45 камиони со различна носивост и 2 булдожера. На општина Тетово, Кинеската амбасада во Македонија и донираше еден багер, кој е ставен во употреба.

Би можело да ве интересира

Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспаретни критериуми

Орце Костов

Приведени две лица за издржување на затворски казни на подрачјето на СВР Тетово

Приведен крадец во Тетово

Автомобил удрил во момче во електрична инвалидска количка

Тетово и околината без струја

Ана Ололовска

Автомобил удри и тешко повредил тетовец