Продолжува маратонската дебата за законот за бранителите

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, финансирање и буџет, труд и социјална политика, одбрана и безбедност, Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграција.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог ратификациите меѓу Република Македонија со Руската Федерација и со Сојузна Република Германија, а Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за измените и допонувањата на Законот за данокот на додадена вредност по што ќе ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2013 година.

Комисијата за труд и социјална политика треба да ја продолжи расправата по Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, додека Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледа предлог измените на Законот за азил и привремена заштита и Предлог законот за приватно обезбедување, двата во прво читање.

Националниот совет за евроинтеграција и Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Информацијата за статусот на реализација на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од страна на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска