Продолжува истражувањето на пештерата Врело

Од:

Македонските нуркачи oд клубот „Акватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ ја завршија првата експедиција во двете езера кои се наоѓаат во туристичката пештера Врело. Целта на мисијата на спелео-нуркачите е да го истражат во целост овој предел од подводната пештера, кој важи за голема мистерија бидејќи досега не е посериозно истражуван.

IMG_3140

Влезот во овие езера почнува од делот во сувата галерија кој се наоѓа над главниот влез на подводната пештера Врело, кој е достапен и за туристичко разгледување.

Според сознанијата на спелео-нуркачите, максималната длабочина на овие езера кои се заемно поврзани се уште е непозната, а се претпоставува дека е 80 метри во должина.

IMG_3146

– Од моментот кога ќе влезете внатре, водата е со многу голема видливост и може да ги видите подводните убавини на овие езера. Екстремните нуркања од овој вид се долги и некогаш траат и по неколку часа, но во моментот кога ќе ги видите природните пештерски форми, сфаќате дека трудот ви се исплател, бидејќи глетката е фантастична, изјави Даниел Атанасовски, инструктор по нуркање од нуркачкиот клуб „Акватек“.

IMG_3149

Внатрешноста е богата со сталактити и сталагмити како и разни други природни минерални форми кои се формирале со текот на годините, од самото постоење на пештерата Врело.

IMG_3153

Тимот на оваа експедиција потенцира дека ги следи сите процедури за пештерско нуркање бидејќи и најмалите грешки може да бидат многу фатални за нуркачите. Според нив, во Македонија постојат многу неиспитани извори и подводни пештери кои претставуваат вистински предизвик за работа.

IMG_3183

„Врело“ и „Акватек“ следните неколку месеци ќе продолжат да ја истражуваат пештерата без деградирање и нарушување на животната средина.

IMG_3160

Би можело да ве интересира

Старнавски повторно ќе нурка во пештерата Врело на Матка

Наум Локоски

Срушен рекордот на Казати во пештерата Врело

Полски нуркач ќе го руши рекордот на Казати во пештерата Врело

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Продолжува подводното истражување на пештерата Врело

Ана Ололовска

ФОТО: Во водите на Матка пронајдени остатоци од црква

Емир Латифовиќ

Нуркачите во езерото Матка најдоа темели за кои се верува дека се од црква

Ана Ололовска