Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Од:

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска беше најавено негово догаснување. Центарот за управување со криза вчера на Фејсбук објави дека во текот на ноќта ќе има дежурни екипи за евентуално ширење на огнот.

„Пожарот над с.Буковиќ е локализиран. Активен е делот од пожарот помеѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за евентуално проширување на пожарот кон селата. До сега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден“ објави Центарот за управување со кризи на својата „Феjсбук“ страница.

Пожарот избувна вчера утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски