Продолжува акцијата за чистење диви депонии во повеќе општини

Од:

Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе општини во државата кои се спроведуваат во рамки на кампањата „Македонија без отпад 2016“ во координација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а во соработка со општините, Градот Скопје и со другите државни институции.

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека акции за чистење на диви депонии, согласно Акциониот план, се предвидени и во општините Босилово, Тетово, Градско, Дебар, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново Село, Ресен, Росоман, Сарај и Арачиново.

Министерството за животна средина и просторно планирање, посочуваат оттаму, очекува преку вакви конкретни теренски активности значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, до формирањето на регионалните депонии.

По расчистувањето на сите локации, согласно Законот за управување со отпад, како што се наведува, ќе следи и нивна ремедијација (озеленување, уредување) со што не само што ќе се оплемени животната средина, тука ќе се подигне и јавната свест за потребата од соодветно одложување на отпадот. Во оваа прва фаза покрај општините и нивните комунални претпријатија, активно се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат и Македонски шуми, колективните постапувачи со отпад и локалната бизнис заедница, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан