Продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во Штип

Од:

Акцијата „Пролетно чистење и уредување“ продолжува и оваа недела, а на самиот почеток од неделата се опфатени населбите Балканска, Македонка и село Чардаклија, соопштуваат од Општона Штип.

Покрај своите тековни активности на целата територија на Општина Штип, ЈП „Стипион 2011“ заедно со другите јавни претпријатија се фокусирани во овој дел од градот. Екипи на ЈП „Стипион 2011“ вчера работеа на обележување на хоризонталната сигнализација во село Чардаклија и населбите Балканска и Македонка, како и на замена на улични светилки во овие населени места. Во селото Чардаклија беа чистени диви депонии, а во населбата Македонка беа санирани прекопи.

Денеска продолжуваме со работа на уличното осветлување во населба Балканска.

Ова е продолжување на активностите поврзани со уредување и чистење на градот, преку коишто ќе бидат опфатени буквално сите делови од Штип. Акцијата започна минатата недела во населба Сењак, а продолжи и во населба Дузлак, каде минатиот петок екипи на ЈП „Стипион 2011“ чистеа диви депонии, велат од Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“