Продолжува акцијата „Отворено со катастарот“

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности ја продолжува акција „Отворено со катастарот“ преку која ги повикува граѓаните на средби со стручни тимови на Агенцијата со цел решавање на нивните проблеми од областа на катастарот.

Дел од активностите на стручните тимови при посетите, ќе бидат насочени и кон поддршка на подрачните одделенија во спроведување на новите проекти на катастарот, како што е дигитализацијата на катастарските планови.

Годинешната акција, што ќе трае пет месеци, ќе почне во подрачното одделение во Битола, со средби со граѓаните од таа општина од 22 до 24 јануари. Од 29 до 31 јануари, акцијата ќе продолжи во Охрид. Акцијата „Отворено со катастарот“ ќе се одржи и на 5, 6 и 7 февруари во скопските општини Карпош и Ѓорче Петров, на 12 и 13 февруари во Куманово, Свети Николе и Пробиштип, на 19 и 20 февруари во Кичево, Крушево и Македонски Брод, на 26, 27 и 28 февруари во општините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

На 5 и 6 март тимовите на Катастарот ќе имаат средби со жителите на Струга и Дебар, на 12, 13 и 14 март во општините Центар, Чаир и Бутел, на 19 и 20 март во Струмица и во Радовиш и на 26 и 27 март во Прилеп, Кавадарци и Неготино.

Во тек на четвртиот месец од акцијата на 2 и 3 април ќе има активности во Гевгелија и Валандово, на 9 и 10 април во Крива Паланка, Велес и Штип, на 16 и 17 април во Демир Хисар, Кочани, Виница и Ресен, на 23 и 24 април во Гостивар и Тетово. На 8 и на 9 мај годинава се планирани средби во подрачните одделенија на катастарот во Берово и во Делчево. Средбите и работните посети во останатите општини и подрачни одделенија на катастарот ќе се одвиваат од 9 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска