Продолжи судењето за „Дива Населба“

Од:

Со изведување докази на Обвинителството, денеска во Врховниот суд продолжи судскиот процес против обвинетите во случајот „Дива населба“.

Откако минатата недела заврши распитот на заштитените сведоци, денешното судско рочиште беше отворено за јавноста.

За тероризам и терористичка организација одговараат 37 лица кои на претходните рочишта се изјаснија дека не ги сториле делата за кои се товарат и оти не се чувствуваат виновни.

Судот денеска го прекина распитот на сведок од Обвинителството затоа што се утврди дека адвокатите не го одобрија неговиот исказ што го дал во претходна постапка. Одбраната го немаше тој записник, изјави адвокатот Алвир Алиспахиќ.

– Одбраната се спротивстави бидејќи во конкретниов случај не може Обвинителството да се повика на членот 385 и прогласување на сведок којшто наводно бил непријателски и кажал нешто поразлично бидејќи одбраната го немаше тој записник и не е доставен тој записник за да се запознае и да се види дали навистина тоа што го тврди Обвинителството е тоа така или нешто поразлично и затоа судот согласно законските прописи го прекина денешното сослушување на истиот сведок и ќе продолжи откако ќе биде доставен тој записник од страна на Обвинителството, изјави Алиспахиќ.

Рочиштето продолжи со изведување пишани материјални докази од Обвинителството.

Инаку, судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

A1on

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски