Продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

Од:

Во основниот суд Куманово, денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми за случај со недобивање дозволи за градење згради во Куманово.

Прифатени беа одлуките на Управниот суд, постапката која се водела во системот за е-градежни дозволи во општина Куманово, судијата дополнително ќе се произнесе за вештото лице.

Две градежни компании од Куманово „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ и „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ, сметаат дека Димитриевски ја злоупотребил функцијата градоначалник и ги оштетил, бидејќи истиот состав на совет и градоначалник во 2021 изгласале ДУП во кој сакале да вложат двајцата инвеститори, подоцна истиот совет, на предлог на градоначалникот донел нова одлука за суспензија на ДУП-от кој се однесува на парцела во близина на гимназијата и школската амбуланта.

Димитриевски на првото рочиште (арпил 2024) обвини за политички процес, нагласи дека го штити јавниот интерес и рече дека обвинението е монтирано и има за цел да го наруши неговиот дигнитет.

На наредните закажани рочишта на 17 и 19 јуни, годинава ќе се изведуваат вербални докази, делумно предложени и од обвинителството и од одбраната.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

Димитриевски: Нема услови за отворање мигрантски кампови во Македонија

Горан Наумовски