Продолжен рокот за приватизација на земјиште, изгласани законските измени

Од:

Собранието ги донесе измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои до 31 декември 2021 година се пролонгира рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

Осум дена по објавувањето на измените на Законот во Службен весник, граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост.

Рокот за поднесување барања по тој основ истече на 15 декември 2014 година.

Од Министерството за финансии велат дека со овој закон се излегува во пресрет на граѓаните и нивните барања. Продолжувањето на рокот е резултат на реакции од граѓани кои не успеале да поднесат барање за приватизација во изминатиот период.

Со законските измени, воедно се одложува и примената на одредбите од Законот кои се однесуваат на воспоставување закуп на градежно земјиште кое не е приватизирано.

Исто така, до крајот на 2022 година се пролонгира рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности.

– Сите измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се во насока на подобрување на услугите на Министерството за финансии како сервис на граѓаните, укажуават од ресорното Министерство.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Лизингот се модернизира: Обврска за објавување финансиски извештаи и посилни механизми за контрола

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи