Продолжен рокот за преиспитување на ДУП-те во општина Центар

Од:

Советот на општина Центар со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план. Времетраењето на мораториумот е два месеци. Разгледувањето на овие Детални урбанистички планови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео презентација.

Она што е основна заложба на градоначалникот Саша Богданиќ и на општинското раководство е на жителите да им се овозможат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, услови за паркирање и безбедност на пешаците, заштита и унапредување на животната средина и ново и квалитетно осветлување.

Планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар