А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков

by А1он29/08/2024 - 14:553492
Share0

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната до 21 ноември.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица.

Директор на штипскиот затвор Дејан Здравков, за МИА ги потврди информациите дека со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември). На Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот.

Од Кривичниот суд, за МИА потврдија дека пет лица, осудени за настаните од 27 април, побарале од судот прекин на казната. Судот на тројца им дозволил прекин за еден осуденик решението е во фаза на изготвување, а едно од барањата е одбиено заради некомплетна документација.

Следете a1on на Youtube YouTube

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност(БЈБ), кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

Mitko Cavkovsobranie 27 april

Би можело да ве интересира

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 12:52

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски25/08/2024 - 15:1025/08/2024 - 15:11

На отпуст од 30 дена денеска се пуштени петмина осуденици од штипскиот затвор кои беа осудени за настаните од 27 април

Предраг Петровиќ22/07/2024 - 17:2622/07/2024 - 17:28

Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинар во Собранието на 27 април 2017 година

Предраг Петровиќ12/07/2023 - 17:2412/07/2023 - 19:00

СДСМ: Не смее да има никаква амнестија за 27 април

Катерина Ѓуровски27/01/2023 - 13:25

Адвокати бараат амнестија за осудените за 27 април: Додека смртниците скапуваат во робија, Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат

Кристијан Ландов25/01/2023 - 13:5925/01/2023 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто