Проценивме дека делото е сторено со умисла, за Јованов се води постапка за најтешко дело во сообраќајот соопшти Коцевски

Од:

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција во врска со случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, посочи дека станува збор за кривично дело сторено со умисла и против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.

-Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски.

Коцевски изрази уверување до јавноста и до семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Би можело да ве интересира

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Врховен го одби барањето на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, казната од 13 години останува

Катерина Ѓуровски

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби