Пробно заѕвони штипската Саат кула

Од:

Штипјани од денеска повторно ќе го слушаат ѕвоното на Саат култа, која се наоѓа во центарот на градот. Пробните обиди за нејзино ставање во функција се успешни соопштија денеска надлежните од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, а под чија заштита е овој споменик на културата.

Проект за реставрација на Саат кулата има, но се бара донатор кој финансиски ќе помогне во возобновувањето на овој споменик, кој според одредени пишани документи датира од 1650 година.

Саат кулата меѓу штипјани е позната и како Бегова кула, која била изградена од турски бег, кој живеел во Штип, но неговото име не е запишано.

Тој ја изградил кулата за заштита на семејството во кризни времиња, а дел од кулата е урнат во 1934 година.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“