Проблемот со вода за пиење во Демир Капија се очекува да биде решен утре

Од:

Трет ден дел од Демир Капија е без вода за пиење поради оштетување на главната водоводна мрежа.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија Звонко Кичуков денеска информираше дека интензивно се работи на отстранување на дефектот.

– Како последица на зголемениот водостој на реката Бошавица од поројните дождови, во вторникот дојде до оштетување на главната водоводна мрежа и без вода за пиење останаа жителите од таканареченото Клисурско маало. Станува збор за елементарна непогода, дефектот е во самата река и во текот на денот очекуваме специјалните машини кои ги носиме од страна да започнат да работат на отстранување на дефектот. Очекуваме во текот на утрешниот ден проблемот да биде надминат, рече Кичуков.

Во меѓувреме, на граѓаните кои немаат вода за пиење 24 часа дневно на располагање им е цистерна со вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите