Проблеми со водоснабдувањето во Кавадарци поради зголемената потрошувачка

Од:

Кавадарчани се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето поради зголемената потрошувачка на вода, која се јавува бидејќи многумина ги оставаат чешмите да течат за да не им замрзнат водоводните цевки.

Од ЈП„Комуналец“ попладнево информираа дека во текот на денот поради зголемената потрошувачка во одделни делови на градот, посебно во таканаречената висока зона, ќе нема вода или ќе има намален притисок во славините.

– Наши екипи денеска се на терен, а така ќе биде и утре, се проверува дали има проблеми и во доводот и во самата мрежа. Правиме се што можеме потрошувачите до крајот на денот и утре претпладне да имаат нормално водоснабдување, соопштија од комуналното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он