Привршува целосната реконструкција на градинката “13-ти Ноември“

Од:

Во тек е третата и завршна фаза од реконструкцијата на градинката “13-ти Ноември“. Со ова, по 40-тина години, во Центар се добива нов објект за згрижување и воспитување на деца, бидејќи од стариот останаа само sидовите и столбовите.

Се оспособуваат занимални, тоалети, влезен хол, административните простории и се прави влез за лица со посебни потреби.
Дотраената водоводна и електрична изолација се заменува со целосно нова.

Општина Центар во градинката поставува и нов паркет, а во септември ќе бидат готови и 5 занимални за децата од поголемите групи.
Фасадата ќе биде нова, според сите современи стандарди и со весели бои.

Подрумските простории ќе бидат целосно преадаптирани. При реконструкцијата на градинката “13-ти Ноември“, се внимава на зачувување и обновување на зеленилото. Партерното уредување ќе биде со нови дрвја и со ново зеленило.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Негователка од детска градинка повреди петгодишно девојче

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он