Привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Лазар Личеноски“

Од:

Град Скопје преку соопштение ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи утре ќе се воведе привремен сообраќаен режин на дел од улицата „Лазар Личеноски“.

„Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на улица Лазар Личеновски, од утре па до завршувањето на градежните работи, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од улицата од раскрсницата со улица „Самоулова“ и булеварот „Гоце Делчев“ до сервисната улица за влез на парккингот кај СРЦ „Кале“.

Овие градежни активности се реализираат во рамките на проектот за фазната реконструкција на улицата „Лазар Личеновски“. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри“, соопштуваат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, Град Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози