Привремен сообраќаен режим на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир

Од:

На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување работи на патот, соопшти Град Скопје.

Ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“.

Поради тоа ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози