Приведено лице по потерница за „трговија со луѓе“

Од:

Полицијата вчера околу 16:30 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Тетово, го привела 37-годишниот В.Ф. од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

При приведувањето на В.Ф. се обидел да избега, соопштија денеска од МВР, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.

В.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес