Приведено лице од тетовско, при претрес пронајдени дрога и оружје

Од:

29-годишен жител на тетовското село Челопек е уапсен вчера откако полицијата кај него пронашла оружје и дрога – информираат од МВР.

„На 29.11.2020 околу 18.00 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихана.

Претходно, М.М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на лице место била пронајдена една чаура кал.7,62мм. Тој бил приведен и задржан во Полициска станица Тетово.
По целосното документирање на случајот на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово“ – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски