Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

Од:

На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа.

Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не е утврдено дали е автентична

ВИДЕО: Детали за киднапирањето на Николас Мадуро, заврши во притвор во САД

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Четиринаесет уапсени во борба против мафијата: Голема рација во Италија