Приведени петорица, во одделни случаи, кај кои е пронајдена марихуана

Од:

Во текот на вчерашниот ден во одделни случаи полицијата привела пет лица во Скопје кај кои е пронајдена марихуана.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 01.00 часот, во близина на паркинг просторот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го лишиле од слобода Ј.П.(26) од Дебар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христо Татарчев“ го лишиле од слобода А.Ј.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Како што стои во соопштението од МВР, вчера во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Благоја Стефковски“ го лишиле од слобода и Б.К.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

На 16.08.2020 во 13.10 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Антон Димитров“ бил приведен Н.С.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Синоќа пак во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во близина на паркинг просторот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го лишиле од слобода П.П.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Од МВР денеска соопштија дека по документирање на случаите, против овие лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар