Приведени неколку учесници во инцидентот за време на протестот пред Владата

Од:

Дел од учесниците во протестот што попладнево околу 16 часот се одржа пред Владата, а во врска со наименувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, предизвикале инциденти фрлајќи камења и тврди предмети кон полициските службеници кои го обезбедувале протестот.

Како што информираат од МВР, распоредените полицајци пред Владата интервенирале, по што толпата е потисната, а инволвираните во инциднетите се разбегале првично кон плоштадот „Македонија“ и кон железничката станица.

Во инцидентите, според првичните информации неколку возила на полицијата се оштетени, а неколкумина полицајци се пожалиле на повреди здобиени во инцидентот.

Информациите од теренот велат дека неколку од учесниците на протестот продолжиле да се однесуваат агресивно, при што најверојатно се оштетени неколку приватни возила, демонстрантите каменувале и неколку автобуси.

Досега неколку лица се приведени, а полицијата активно на теренот работи за смирување на состојбата и за приведување на учесниците во инцидентите.

Според првичните информации на местото на инцидентот имало амбулатно возило – брза помош, а се уште не е потврдено дали има повредени лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите