Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

Од:

Вчера вечер во 19.30 часот од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода 34-годишниот С.П. и 21-годишниот И.Б., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во патничко моторно возило “шкода“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на В.В. од Неготино при што одзеле повеќе предмети, информира МВР.

Тие биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и кај нив биле пронајдени украдените предмети, како и алат со кој било извршено кривичното дело. Со нив бил извршен службен разговор, во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи