Приведени крадци од Прилеп, украденото вратено на сопственикот

Од:

Вчера попладне, околу 16.00 часот на улицата „Трајко Николовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода 39-годишниот Е.А. и 35-годишниот Е.Р. од Прилеп, информира МВР.

– Тие се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети. Двајцата биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари