Приведени две лица за лажната дојава за бомба во “Сити мол”

Од:

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со јавната дојава за бомба во трговскиот центар “Сити мол” во Скопје.

И двајцата приведени имаат по 19 години. Во соопштението на полицијата се додава дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.

Полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.

Претходно, од МВР изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски