Приведени двајца шверцери од Танушевци, превезувале стока без декларација

Од:

Приведени се двајца шверцери од скопско Танушевци, бидејќи шверцувале разновидна стока без декларација, за која немале документација за нејзиното потекло.

„На 13.01.2022 во 20.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север биле лишени од слобода М.А.(33) и Е.А.(45), двајцата од с.Танушевци, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од Кривичниот законик.

Имено, на локалниот пат од с.Бродец кон с.Танушевци кај м.в. Чешма кон Рамно околу 20.00 часот, при контрола на товарно возило „дајмлер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., била пронајдена поголема количина разновидна роба за широка потрошувачка, без соодветна документација за нејзиното потекло. При преземање на службените дејства полициските службеници биле попречувани од Е.А.. Во врска со случајот на 14.01.2022 околу 00.00 часот од полициски службеници во реонот на Визбегово било забележано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.А. од Скопје, брат на Е.А., кое не сопрело на даден знак за запирање, туку ја зголемило брзината и се упатило кон магацински простор. По обезбедена наредба од Судија за претходна постапка, извршен бил преглед над возилото, при што било констатирано дека во него има поголема количина на производи без декларација. Во координација со Јавен обвинител, лицата биле приведени во полициска станица, а возилата се обезбедени за понатамошна постапка и по комплетно документирање на материјалот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Европол: Уапсени 101 лице поради криумчарење уметнички дела

А1он

600 метарски тунел за криумчарење под мексиканската граница пронајден од американската полиција

А1он

Кривична пријава за две лица осомничени за криумчарење на 27 мигранти

А1он