Приведени двајца лихвари од Штип

Од:

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип вчера по преземени мерки и активности ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), двајцата од Штип, осомничени за сторено кривично дело „лихварство“.

Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.

– Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци, појаснија денеска од МВР.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски