Приведени двајца чаирчани, превезувале производи без декларација

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 07.15 часот на регионалниот пат од Скопје кон село Танушевци, во близина на село Бродец, од полициски службеници од Полициска станица Танушевци, во содејство со полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле лишени од слобода А.А.(38) и Е.Е.(29), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“.

„При извршена контрола на товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А., во кое сопатник бил Е.Е., биле откриени поголемо количество производи кои пријавените ги превезувале без да поседуваат соодветна документација, без декларација на производите и со невалидна испратница“, пишува во полицискиот билтен.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он