Приведени двајца Американци кои се степале во скопско кафуле, а се обиделе да го нападнат и сопственикот

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени двајца Американци кои се однесувале агресивно и уништиле дел од инвентар од угостителски објект во Скопје.

„На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД, затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он