Приведени дилери на дрога од Албанија, запленета марихуана

Од:

Полициски службеници од ОВР Гостивар, синоќа на ул.„Боге Велјановски“ во Гостивар извршиле преглед кај двајца албански државјани, при што била пронајдена торба со два килограми марихуана.

При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициски службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства. Од страна на полициските службеници бил лишен од слобода С.Џ.(21) од Пешкопеја, Р.Албанија, додека М.А.(19), исто така од Р.Албанија, се дал во бегство.

По засилени мерки и активности преземени од полицски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он