Приведени дилери на амфетамин од Скопје

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера се приведени двајца на амфетамин од Скопје.

„На 22.11.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(20) и С.Б.(27), двајцата од Скопје. При преглед врз Н.П., извршен на улица „Јани Лукровски“ бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од С.Б. Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен со судска наредба, исто така бил пронајден и одземен амфетамин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби