ВИДЕО: Приведен новинарот Кежаровски, адвокати, судии и јавен обвинител

Од:

Полицијата ги приведе адвокатот Валентин Зафиров од Велес, поранешен истражен судија, судијата Илија Танев, Јавниот обвинител Ивица Ефремов, Борче Николовски, поранешен врховен судија, Сашо Лазаров, поранешен судија, двете лица Јане Павлевски Тица и Сабедин Џинихофман, сите од Велес, како и новинарот Томислав Кежаровски. Сите апсења во акцијата наречена „Ликвидација“ се поврзани со судскиот случај за двојното убиство во Ореше.

Полицијата утрово со силно обезбедување го уапсила новинарот, кој се товари  дека заедно со поранешниот истражен судија во предметот „убиство“ во Велес,  спротивно на Законот за кривична постапка и Законот за заштита на сведоци, го откриле идентитетот на лице (загрозен сведок кое подоцна е ставено и во програмата за заштита на сведоци, согласно ЗКП и Законот за заштита на сведоци) во истиот предмет и покрај тоа што биле должни со податоците за сведокот да постапуваат како со класифицирани податоци. Пријавениот истражен судија, од досега обезбедените докази, по извршено сослушување на лицето-загрозен сведок, примерок од записникот во кој бил забележан телефонскиот број на сведокот, а стоел и неговиот своерачен потпис и други информации од кои може да се утврди идентитетот на сведокот, им дал примерок на бранителите-адвокатите на обвинетите лица во предметот, кој записник подоцна станал достапен за пријавениот уредник и новинар  кој го објавил во списанието  „Репортер 92“ во два последователни броја, со што го откриле вистинскиот идентитет на „загрозениот сведок“ и го загрозиле неговиот живот и интегритет, соопштуваат од МВР.

Пријавениот судија во Основен суд Велес и Претседател на кривичниот совет во текот на 2008 година преку осомничениот посредник, побарал паричен износ од 2000 евра кои истиот требало да ги обезбеди од лице роднина на две притворени лица за извршено КД „разбојништво“, со цел да гласа за укинување на мерката притвор, иако за тоа не биле исполнети условите, односно сеуште постоеле околностите поради кои притворот бил определен.

Исто така од страна на пријавените извршени се повеќе незаконски дејствија-кривични дела во врска со предмет кој се водел во Основен суд Велес за сторено КД „убиство“ за кое се обвинети лица од Велес и Скопје  и од страна на истражен судија од Основен суд Велес им била одредена мерка притвор.

Во периодот мај-јули 2009 година, другиот поранешен судија и осомничениот адвокат, поттикнати од пријавеното лице од Скопје, посредувале кај Јавниот Обвинител во истиот предмет, да даде согласност за укинување на мерката притвор, одредена над лицата обвинети за извршување на КД „убиство“, по што пријавениот обвинител прифатил да даде согласност за укинување на мерката притвор, но од страна на Вишото Јавно обвинителство каде реферирал по предметот не добил позитивно мислење.

Исто така пријавениот судија по барање на осомничениот Јавен обвинител, ја заменил доставницата на пресудата со нова доставница во која стоеле невистинити податоци, односно дека пресудата во ОЈО Велес е примена на ден 27.11.2009 година, наместо 17.11.2009 година со што му овозможил како јавен обвинител да може да поднесе жалба за висината на казната, иако рокот за поднесување на истата истекол.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес