Полицијата го приведе Васе Доневски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички прашања на Владата, дознава „А1он“ од извори од Управата за финансиска полиција.
Детали за неговото приведување ќе бидат соопштени утре. Попладнево директорот на Управата Арафат Муареми најави прес-конференција за утре за предмет кој се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешен функционер.
Владата го разреши Доневски од директорката позиција во јуни минатата година.