Приведен украинец кој агресивно се однесувал кон вработените и гости во хотел

Од:

На 05.07.2022 година во 01 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина.

– Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додава Димоски.

Би можело да ве интересира

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он