Приведен тетовец баран по централна потерница

Од:

Вчера попладне, околу 16.30 часот на улицата „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 39-годишниот тетовец А.О., информира МВР.

Тој бил баран со централна потерница од Основниот суд Скопје за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски