Приведен Србин кој си го убил братот, се криел во кавадаречко

Од:

Српски државјанин осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ е пронајден и лишен од слобода на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот, на 29 септември го привеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север.

Приведениот српски државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ на неговиот брат и е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка