Приведен скопјанец, во неговиот „мерцедес“ пронајдени тројца Кубанци

Од:

На автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје.

– При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, соопштија денеска од МВР.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа