Приведен скопјанец кој дилал дрога во Гостивар

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.З.(41)од Скопје.

„При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана. Против четириесет и едногодишниот скопјанец во текот на утрешниот ден ќе биде изготвена соодветна пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик, а со која ќе биде изведен пред судија во претодна постапка на Основниот суд Гостивар“, пишува во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица