Приведен скопјанец кој денеска физички нападнал снимател на ТВ Алсат

Од:

Денеска (21.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека денеска заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходно, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за нападот кон медиумски рабитници од ТВ Алсат, Скопје.

Денеска за време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија.

Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата.

При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, пишуваше во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Уапсен е заменикот на Шојгу, осомничен е дека примил поткуп

Горан Наумовски

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Приведен 23-годишен дилер во гостиварско

А1он