Приведен разбојник во Скопје, следува кривична пријава

Од:

Вчера вечер, во 21.40 часот на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Ф.М. од Скопје, информира МВР.

– Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“, со употреба на сила кон вработената, се обидел да одземе пари од дневниот промет. Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари