Приведен осомничениот за тројното убиство во Кавадарци

Од:

Полицијата претпладнево го приведе осомничениот за завчерашното тројно убиство во Кавадарци, потврди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– По однос на тројното убиство во Кавадарци, МВР со целиот свој капацитет преземаше мерки и активности за лоцирање и приведување на сторителот и наоѓање на оружјето. Утрово сторителот е приведен и оружјето е обезбедено, а понатаму продолжува постапката по однос на целосно завршување на сите истражни дејствија поврзани со ова убиство, рече Јанкулоска по денешната посета на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. 

Осомничениот, како што претходно информираа за МИА од МВР, е приведен на гробиштата во Кавадарци. Откако бил забележан се обидел да избега, но бил пресретнат од полицијата.

Кај него е пронајден пиштол со два куршума, за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството.

Тројното убиство беше извршено во неделата во семејна куќа на убиените со огнено оружје калибар 9 мм. Со по еден истрел беа застрелани 61-годишниот Илија.Л., Билјана Л. (56 години) и нивната 33-годишна ќерка Снежана Л, сите од Кавадарци.

При увидот на местото на убиството се подигнати чаури и траги кои беа испратени на вештачење во криминалистичка техника при МВР. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски